Структура на апликацијата
Апликацијата се состои од 3 дела, кои го сочинуваат нејзиниот интерфејс:
  • (1) Мапа
  • (2) Навигатор
  • (3) Алатки
Алатки
Алатната лента содржи неколку типови алатки: картографски подлоги, алатки за управување со мапата, алатки за пребарување и други алатки.

  • Подлоги – со кликнување на иконата, се отвора прозорец за избор на подлога. Изберете ја саканата подлога со кликнување на смалениот приказ на подлогата.


  • Содржина – со кликнување на иконата, се отвора табелата со содржина.

    • Оваа табела е наменета за управување со содржината што ќе се прикаже на мапата. Воедно, оваа табела содржи и легенда.
    • Со кликнување на белата стрелка, отворете ги нивоата на содржината
      • доколку сакате да ги затворите нивоата на содржината, кликнете на темната стрелка.
    • Содржината што сакате да се прикаже на мапата (GSM (2G), UMTS (3G), LTE (4G)), изберете ја со кликнување на соодветната рамка.
      • содржината за мрежната покриеност е прикажана на мапата во боите што се одредени во легендата.
      • за отстранување на приказ од мапата, отстранете го знакот штиклирано со кликнување на означената рамка.
    • Интензитетот на боите на приказот, односно светлината можете да ја нагодувате со повлекување на копчето на лентата на лизгање.
    • За да го намалите отворениот прозорец, кликнете на во заглавието на прозорецот, за да го затворите прозорецот, кликнете на копчето во заглавието на прозорецот. Преместување на прозорецот се овозможува со кликнување на заглавието на прозорецот и повлекување на прозорецот на саканото место.

  • Преместување – кликнете на иконата за да ја активирате алатката, потоа кликнете на мапата и повлечете ја во саканата насока.

    • Забелешка: при активирањето на апликацијата, оваа алатка е предефинирано вклучена.

  • Оддалечување – кликнете на иконата за да ја активирате алатката, а потоа, држејќи го левото копче на глувчето, повлечете ја рамката, со што би се овозможило оддалечување на мапата.
    • Мапата можете да ја оддалечите и со помош на скрол-тркалцето на глувчето, така што ќе го завртите кон себе.

  • Приближување – кликнете на иконата за да ја активирате алатката, потоа држејќи го левото копче на глувчето, повлечете ја рамката на мапата, со што мапата ќе се приближи на означената рамка.
    • Мапата можете да ја приближите и со помош на скрол-тркалцето на глувчето, така што ќе го завртите спротивно од себе.

  • Размер – со кликнување на иконата, се отвора прозорец за избор на размер. Моменталниот размер се прикажува во горниот десен дел од прозорецот.
    • Размерот можете да го поставите на два начина:
      • Внесете го размерот во празното поле, а потоа стиснете на копчето .
      • Стиснете на копчето Одбери размер, а потоа кликнете на една од понудените вредности во опаѓачкото мени.
    • За да го смалите отворениот прозорец, кликнете на во заглавието на прозорецот, за да го затворите прозорецот кликнете на копчето во заглавието на прозорецот. Преместувањето на прозорецот е овозможено со кликнување на заглавието на прозорецот и повлекување на прозорецот на саканото место.

  • Пребарување во адресниот модел – за да ја активирате алатката, кликнете на иконата.

    • Откако ќе се отвори нов прозорец, во опаѓачкото мени изберете го критериумот според кој сакате да пребарувате.
    • Внесете место, улица и број и кликнете на копчето Барај.

  • Прошири ја мапата - Преглед на мапата на цел прозорец


  • Намали ја мапата - Преглед на мапата на помал прозорец


Навигатор
Навигаторот се состои од следните алатки за управување со картографскиот приказ:

    • Кликнете на стрелките за движење по мапата во саканата насока.
    • За да ја ротирате мапата во саканата насока, кликнете на левото копче од глувчето во сивиот простор меѓу стрелките, држете го копчето на глувчето и завртете во саканата насока.

    • Црвената игла на компасот секогаш ја покажува северната насока. Со помош на иконата компас ресетирајте го приказот на мапата после нејзината ротација.

    • Доколку сакате да го видите претходниот приказ на мапата, кликнете на стрелката лево, а доколку сакате да го видите следниот приказ на мапата, кликнете на стрелката десно.
    • Доколку сакате да се прикаже целата мапа, кликнете на иконата глобус помеѓу стрелките.

    • За приближување на мапата кликнете за оддалечување на мапата кликнете

GDi GISDATA d.o.o. | Сите права се задржани.